Старт за црвен картон, ракометарка во крв – кулминација на трибините (ФОТО+ВИДЕО)

Ракометарките на Ѓорче Петров се пласираа во финалето на Купот на Македонија по триумфот над Чаир со 32-28, но нејасно е дали ќе може да сметаат на Ана Марија Коларовска за двобојот со Металург.

На стартот на вториот дел, врз неа грубо стартуваше Бајра Бакиќ, која доби црвен картон од судиите Илиевски, а тоа предизвика неколку минути прекин на дуелот во кавадаречката сала „Јасмин“.

Коларовска веројатно заработи повреда на носот, имаше крв на теренот, а кулминацијата се случи на трибините, каде што симпатиерите на двете екипи имаа вербална пресметка, која можеше да прерасне во инцидент, ако полицијата не интервенираше на време.

Сепак, страстите се смирија и мечот продолжи во коректна атмосфера.