Старт дома против Финска, за крај повторно дома – веројатно решавачки дуел со Швацарија

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година во Унгарија и Словачка.

Избраниците на Данило Брестовац се најдоа во тешката група 7, а трите пречки за нив се светскиот шампион Данска, незгодната селекција на Швајцарија и Финска.

Сениорите ќе ги започнаат квалификациите на домашен терен против селекцијата на Финска, а во второто коло ќе гостуваат на Швајцарија. Реваншот со оваа репрезентација ќе биде на крај дома, а тоа би можел да биде и одлучувачки натпревар за сигурен пласман на ЕП.

Првата и второпласираната екипа одат директно на ЕП 2022, а четири од осум третопласирани исто така обезбедуваат место на континенталниот собир. Во табелата на третопласираните ќе им се сметаат само резултатите од дуелите со првите две екипи.

Распоред на натпревари:

1 коло, 04/05.11.2020, Македонија – Финска 
2 коло, 07/08.11.2020, Швајцарија – Македонија
3 коло, 10/11.03.2021, Македонија – Данска
4 коло, 13/14.03.2021, Данска – Македонија
5 коло, 28/29.04.2021, Финска – Македонија
6 коло, 02.06.2021, Македонија – Швајцарија