Стартува Мундијалот во Јапонија: Русија и Франција фаворити за злато, шанса од сенка ќе чекаат многу селекции

Утре во 07:00 часот по македонско време, со 12 натпревари од четирите групи, стартува Светското првенство во Јапонија. Во следните две седмици, 24 селекции, меѓу кои и 13 европски, ќе се борат за светсткото злато, како и за пласман во квалификациите за Олимписките игри.

Титулата ќе ја брани репрезентацијата на Франција, која ја освои на претходниот Мундијал во Германија, а како најголем опонент за „триколорките“ се смета селекцијата на Русија. Ослабената Норвешка овојпат ќе чека шанса од позадина, а тука е стандардно Холандија, додека во битката за висок пласман ќе претендираат Романија, Данска, Црна Гора, Унгарија, Шведска.

Од неевропските селекции тука се шампионот од 2015 Бразил, како и Јужна Кореа. Селекциите се распоредени во четири групи од по шест тима, а најдобрите три од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза и ќе бидат одиграни уште по три меча пред полуфиналето и финалето.

Распоред, 1.коло:

07:00 часот
ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ
ЈАПОНИЈА – АРГЕНТИНА
ЦРНА ГОРА – СЕНЕГАЛ
СРБИЈА – АНГОЛА

10:00 часот
ФРАНЦИЈА – ЈУЖНА КОРЕА
УНГАРИЈА – КАЗАХСТАН
ХОЛАНДИЈА – СЛОВЕНИЈА
РОМАНИЈА – ШПАНИЈА
РУСИЈА – КИНА

12:30 часот
ДАНСКА – АВСТРАЛИЈА
НОРВЕШКА – КУБА
ШВЕДСКА – КОНГО