Стартуваат младинските лиги – ќе играат 21 машка и 8 женски екипи

Викендов ќе стартуваат младинските лиги во машка и женска конкуреција со учество на вкупно 29 екипи.

21 тим се пријавени кај младинците и ќе бидат поделени во четири групи по региони, додека 8 екипи кај младинките се поделени во две групи.

Натпреварите од првото коло ќе се играат во текот на целиот викенд и плус во понеделник.

Распоред на натпревари:

МЛАДИНЦИ

Група А
30/10, 12:00, Алкалоид – Вардар
30/10, 17:00, Скопје – Пролет
слободен Драчево

Група Б
01/11, 14:00, Јуниор КВ – Металург
01/11, 19:30, Металург РА – Голден Арт
21/10, 16:00, Борец – Бутел Скопје

Група В
29/10, 18:00, Еурофарм Пелистер – Струга
31/10, 14:00, Еурофарм Пелистер 2 – Охрид
слободен Енхалон

Група Г
01/11, 19:30, Радовиш – Младост Богданци
31/10, 18:30, Прилеп – Партизан Гевгелија
слободен Тиквеш

МЛАДИНКИ

Група А
30/10, 12:00, Вардар – Чаир
30/10, 16:00, Спартак – Струма

Група Б
30/10, 12:00, Металург – Кузман Вардар
31/10, 19:30, Куманово – Овче Поле СУ