Старо-новиот шампион со победнички крај

Екипата на Ѓорче Петров, која ја одбрани шампионската титула во националното првенство, на гостувањето во Чаир кај истоимената екипа славеше со 33:31 (18:13) во натпревар од последното коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

избраничките на Симе Симовски втора година по ред доаѓаат до титулата во единствената сениорска конкуренција кај дамите.

Иако старто-новиот шампион водеше во текот на целиот натпревар, во првиот дел и со осум гола разлика, во финишот од дуелот Чаир го искористи големото опуштање во редовите на гостинскиот табор и успеа да дојде до гол негатива, 30:29.

Гостинките од Ѓорче Петров не дозволија домашниот тим да направи целосен пресврт и до крајот на натпреварот водеа со еден до два гола разлика.

Ѓорче Петров во денешната победа беше предводен од Емилијана Ризоска со 12 погодоци. Кај Чаир најефикасни со п оседум погодоци беа Теодора Гулицоска и Амела Џакмиќ.

Екипата на Чаир направи голем искечкор во однос на ланската сезона. Чаир во сезона 2021/22 заврши на 5. позиција, додека во оваа сезона направи го освои третото место.