Станковски прозиваше во Неготино: Петар Ангелов се повреди ден пред почетокот на подготовките

Прволигашот од Неготино ги почна подготовките за новата сезона предводени од тренерот Аце Станковски, но без најголемото засилување, поранешниот репрезентативен голман Петар Ангелов. Тој се повредил ден пред почетокот на прозивката и за неколку дена ќе се знае колку време ќе треба да се приклучи на тимот.

Станковски беше дел од младинската и кадетска женската репрезентација на Македонија, но поради клупските обврски нема да замине за Литванија каде кадетките ќе играат на ЕХФ шампионатот (Б првенство). Тој ќе го предводи Вардар Неготино на подготовките за новата сезона.

Неготинци лани го освоија 6. место во плеј-офот од Првата машка лига. На полусезона го ангажираа Станковски кој дојде од тимот на Скопје 2020, а летово донесоа и неколку засилувања. Меѓу нив е и поранешниот репрезентативец на Македонија, голманот Петар Ангелов. Тој истовремено треба да работи и како тренер на голманите на овој клуб.

Според информациите ќе паузира најмалку еден месец, а деталните прегледи ќе покажат колку оваа повреда е сериозна. Воедно тогаш ќе се знае и колку долга ќе биде паузата.