„Среќна 13-ка“ – Лазаров е 13. домашен селектор на Македонија

Од денеска нов селектор на машката репрезентација е Кире Лазаров. Тој е 13. домашен предводник, а вкупно 21. во историјата.

Тој ќе ја продолжи низата на македонски стратези на клупата, откако претхдоно на жешкото столче седеше Данило Брестовац.

Лазаров треба да дебитира на дуелот со светскиот првак Данска на 11 март во Скопје од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Најуспешен селектор досега е Звонко Шундовски, со кој на ЕП 2012, Македонија дојде до петтото место.

Досегашни селектори на Македонија (домашни):

Славе Атанасовски
Ванчо Јовановски
Ристо Трпчевски
Стевче Стефановски
Цане Крстевски
Драган Здравковски
Љубомир Савески
Стојан Петрушевски
Гино Стрезовски
Илија Темелковски
Звонко Шундовски
Данило Брестовац
Кирил Лазаров

Досегашни селектори на Македонија (странци):

Драган Нишевиќ
Зоран Живковиќ
Јосиф Петковиќ
Драган Ѓукиќ
Веселин Вујовиќ
Ивица Обрван
Лино Червар
Раул Гонзалез