„Среќен сум што повторно ќе играм заедно со Дибиров“

Хрватскиот шампион Загреб денес го објави трансферот на Куни Моралес во своите редови.

Кубанецот, кој моментално е член на Вардар, во тимот на Славко Голужа ќе остане најмалку две сезони.

Искусниот ракометар истакна дека е среќен од реализираниот трансфер бидејќи повторно ќе игра со Дибиров.

,,Доаѓам во клуб кој долги години е присутен на европска сцена, односно во Лигата на шампионите.  Моја лична цел е секако да го давам максимумот на секој тренинг и на секој натпревар и на тој начин да му помогнам на клубот да ги постигне зацртаните цели. Среќен сум и што повторно ќе ја делам соблекувалната со поранешниот соиграч Тимур Дибиров, кој е одличен пример за врвен професионалец и личност која секогаш е подготвена да помогне“, изјави Моралес.

Во актуелниот шампион на Хрватска играат уште двајца екс ракометари на Вардар – Иван Чупиќ и Стефан Додиќ.

Загреб за следната сезона се засили и со репрезентативецот на Словенија и актуелен член на Целје, Матич Сухолежник и со голманот од Куенка, Анте Грбавац.

ОФИЦИЈАЛНО: Куни Моралес потпиша за Загреб