Среќен роденден!

На списокот на денешните славеници се наоѓаат неколку ракометари кои веќе имаат солидно искуство зад себе.

Португалецот Тијаго Роча кој настапува за тимот на Спортинг денеска ќе наполни 34 години.

Адам Моравски од Полска, кој настапува за екипата на Висла Плоцк, пак, го прославува својот 25 роденден.

Луиза Катарина Бургар од Данска, која е дел од составот на Мец, пак, денеска полни 27 години.

Среќен роденден Тијаго, Адам и Луиза!