Среќен роденден!

На 16 октомври се родени неколку ракометари и ракометарки. Сите се од меѓународната сцена, а се работи за помлади играчи.

Швеѓанецот Лео Ларсон од Кристијанштад е највозрасниот на оваа листа. Тој денеска полни 29 години.

Тука се и Германката Дина Екерле, која брани за тимот на Битигхајм. Таа денеска го прославува својот 24. роденден.

Исто така својот 24. роденден денеска ќе го прослави и Швеѓанката Јохана Форсберг. Таа го носи дресот на екипата на Савехоф.

Најмлада од денешниот список е Вероника Мулашкова. Ракометарката од Чешка која ги брани боите на Баник Мост полни 19 години.

Среќен роденден Лео, Дина, Јохана и Вероника!