Среќен роденден Цветан и Марија!

Ракометарот на Струга, кој во минатата сезона беше најефикасниот во оваа екипа, Цветан Кузмановски, денеска слави роденден. Левото крило на стружани ќе наполни 20 години.

Денеска роденден слави и најефикасната ракометарка од минатата сезона, Марија Анчева. Ракометарката на Пелистер полни 26 години.

Роденден има и поранешниот ракометар на Вардар, кој речиси и да не заигра за „црвено-црните“. Словенецот Грегор Оцвирк денеска ќе го прослави својот 21. роденден.

Младиот голман на Кадетен Шафхаузен, Швајцарецот Никола Даман е помал од нив. Тој полни 19 години.

Среќен роденден Цветан, Марија, Грегор и Никола!