Среќен роденден Никола!

Ракометарот кој синоќа му пресуди на тимот на Веспрем бранејќи феноменално во текот на сите 60 минути, Никола Митревски доби убав подарок за својот роденден кој го прославува денеска. Репрезентативниот „чувар на мрежата“ бранеше феноменално и покажа дека е во одлична форма и ги предводеше колегите кон победа. Митревски денеска ќе наполни 34 години.

Роденден денеска има и Германката Антје Лауенрот која игра за тимот на Битигхајм. Таа полни 31 година.

Ракометарката на ФТЦ Раил Карго, Унгарката Грета Мартон, пак, ќе го прослави својот 20. Роденден.

Фрацузинката која настапува за тимот на Ѓер, Беатрис Едвиж исто така е меѓу славениците. Таа исто како Лауенрот денеска полни 31. година.

Среќен роденден Никола, Антје, Грета и Беатрис!