Среќен роденден Ловро!

Ракометарот на Еурофарм Работник и еден од подобрите во овој тим сезонава, Ловро Јотиќ е предводник на денешните славници на роденден. Тој денеска ќе го прослави својот 25. роденден.

Покрај него роденден има и Ноа Хас од тимот на Кадетен Шафхаузен. Швајцарецот полни 21 година.

Исто така 21 година ќе наполни и ракометарката од Чешка, која игра за тимот на Баник Мост. Се работи за Линда Јунгова.

На списокот е и Наес Андерсен од Норвешка. Ракометарката на Кристијансанд полни 23 години.

Среќен роденден Ловро, Ноа, Линда и Наес!