Среќен роденден Ленче!

Поранешната репрезентативка на Македонија, Ленче Илкова, која настапува во првенството на Турција денеска ќе слави роденден. Таа веќе некое време е далеку од Македонија, но и од националниот состав, а денеска полни 35 години.

Роденден денеска има и Србинката Ана Којиќ. Таа настапува за екипата на Крим, а денеска полни 22 години.

Ветле Ага Ек од Норвешка, која е дел од тимот на Савехоф, пак, денеска ќе го прослави својот 26. роденден.

Среќен роденден Ленче, Ана и Ветле!