Среќен роденден Кристина!

Меѓу денешните славеници на роденден се наоѓа и поранешна ракометарка на Металург. Кристина Лишчевиќ од Србија, која сега игра за тимот на Рамницу Влчеа. Таа денеска полни 30 години.

Роденден има и ракометарката од Полска, Вероника Гавлик. Таа игра за тимот на МКС Лублин, а денеска ќе го прослави својот 33. роденден.

Норвежанецот Јонас Буруд, кој настапува за екипата на Елверум денеска ќе наполни 26 години.

Украинецот од тимот на Мотор Запорожје, Јевхен Лисак, пак, е најмлад од денешните славеници. Тој денеска станува полнолетен.

Среќен роденден Кристина, Вероника, Јонас и Јевхен!