Среќен роденден Даниел!

Голманот кој во текот на летото се пресели во Вардар од Металург, Даниел Ѓорѓески денеск ќе има повод за честење. Тој денеска полни 26 години.

На денешниот список на славеници се наоѓат и ракометар од Франција и ракометарка од Русија.

Голманот на екипата на Мопнелје, Кевин Бонефо денеска ќе го прослави својот 28. роденден,.

Русинката која ги брани боите на екипата на Ростов Дон, Ана Сен, пак, денеска ќе наполни 29 години.

Среќен роденден Даниел, Кевин и Ана!