Среќен роденден Гоце!

Капитенот на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески денеска е меѓу славениците на роденден. Се работи за ракометар кој зад себе има одлично искуство со игрите и во Вардар и во Металург, а имаше и интернационална кариера во Романија. Тој е дел од Еурофарм Работник во последните три сезони, а денеска ќе го прослави својот 30. роденден.

Ракометарот кој беше дел од репрезентацијата во ракомет на песок, Стефан Колоски исто така е на овој список денеска. Тој денеска полни 23 години.

Среќен роденден Гоце и Стефан!