Среќен роденден Бојан!

Ракометарот на тимот на РК Алушовски, Бојан Стерјев денеска прославува роденден. Тој денеска полни 18 години.

Меѓу денешните славеници на роденден се наоѓа и една ракометарка на Вардар. Се работи за Ивона Трпевска која денеска ќе наполни 18 години.

Роденден има и Германката Ана Лорпер, која го носи дресот на екипата на Битигхајм. Таа ќе го прослави својот 35. роденден.

И еден ракометар кој порано го носеше дресот на Прилеп, Петар Шајин исто така е на овој список. Тој денеска полни 24 години.

Среќен роденден Бојан, Ивона, Ана и Петар!