Среќен роденден Борко и Игор!

Два одлично познати ракометари денеска прославуваат роденден. И двајцата се значајни за македонскиот ракомет и имаат оставено длабока трага.

Голманот на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски, кој во моментов ги брани боите на Бенфика, а во својата кариера има играно и за составите на Вардар, Металург, Барселона, Рајн Некар… денеска ќе наполни 37 години.

Игор Карачиќ, херојот во многу финалиња и титули на Вардар, меѓу кои особено беше значаен при последната титула во Лигата на шампионите, кога беше прогласен и за МВП денеска ќе наполни 31 година. Тој во моментов е член на Келце, а следната сабота ќе гостува во Скопје со новиот тим.

Роденден има и Сандра Дурланова од Битола. Таа денеска ќе го прослави својот 25. роденден.

На списокот на славеници е и Црногорката Бранка Конатар која е дел од тимот на Будуќност. Бранка денеска полни 20 години.

Романката Андреа Јанаси Марија која игра за тимот на Подравка од Копривница, пак, полни 27 години.

Среќен роденден Борко, Игор, Сандра, Бранка и Андреа!