Germany vs Serbia, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Katowice, 15.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Србија со најсилен состав по одмазда против Норвешка

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Србија, Тони Херона го објави конечниот список на играчи за двомечот со Норвешка во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Србија и Норвешка во досегашниот тек од квалификациите имаат максимален учинок, две победи, против репрезентациите на Финска и Словачка.

Сепак, ракометарите на Србија ќе сакаат да им се одмаздат на Сагосен и колегите за поразот на Светското првенство во Катовице. Норвешка во првиот дуел од главната фаза на Мундијалот ја совлада Србија со 31:28 и ја остави без големи шанси за четвртфинале.

Херона за дуелите со Норвешка ќе смета на 18 играчи, еден од нив е дебитант. Станува збор за кружниот напаѓач Лука Роган, кој со младинската репрезентација на Србија го освои бронзениот медал на Европското младинско првенство минатата година.

Токму Роган е единствениот ракометар кој доаѓа од шампионатот на Србија. Списокот е надополнет со екс членовите на Вардар, Металург, Работнички и Охрид: Дејан Милосављев, Вања Илиќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Стефан Додиќ и Предраг Вејин.

Список на Србија за дуелите со Норвешка

Голмани: Владимир Цупара, Дејан Милосављев

Леви крила: Немања Илиќ, Вања Илиќ

Пивоти: Мијајло Марсениќ, Драган Пешмалбек, Лука Роган

Десни крила: Богдан Радивојевиќ, Вукашин Воркапиќ

Бекови: Петар Ѓорѓиќ, Илија Абутовиќ, Урош Борзаш, Лазар Кукиќ, Марко Милосављевиќ, Стефан Додиќ, Милош Орбовиќ, Јовица Николиќ, Предраг Вејин

Србија првиот дуел со Норвешка ќе го одигра на 9 март во Нови Сад, додека реванш средбата е закажана за 12 март во Улсет.