Србија со Додиќ од Металург и вардарецот Вујин во квалификациите за ЕП

Селекторот на машката репрезентација на Србија, Тони Херона, го објави поширокиот список на ракометари пред квалификациските дуели со Франција и Грција.

На него се најдоа многу познати имиња, но и неколку дебитанти во сениорскиот дрес на северниот сосед, а еден од нив е бекот на Металург, Стефан Додиќ.

Покрај Додиќ, на списокот на Херона се најде и искусниот десен бек на Вардар, Марко Вујин. Тука се и Марсениќ, Милосављев, Абутовиќ, Обрадовиќ и Ѓукиќ, од оние кои своевремено играа во македонскиот шампионат.

Србија досега нема одиграно ниту еден натпревар од квалификациите за ЕП 2022, поради одложувањата во октомври, па сега во јануарските термини ќе се соочи два пати со Франција, во Зрењанин и Кретеј, како и еднаш со Грција на домашен терен.