Србија немаше сили за два меча во 18 часа, Унгарките забележаа убедлив триумф

По неколку дена без тренинзи и по сензационалната победа над светскиот првак Холандија, репрезентацијата на Србија загуби во второто коло од групната фаза на Европското првенство.

Подобра од избраничките на Љубомир Обрадовиќ беше Унгарија со убедливи 12 голови разлика, 26-38.

Краткото време за одмор, со оглед на тоа што овој меч се играше за помалку од 18 часа откако заврши првиот со Холандија, беше причина Србинките да не го прикажат најдоброто од себе.

По 5-5, Унгарија преку Клујбер, Ковачич и Солоши стигна до 5-8, а во финишот на првото полувреме обезбеди и највисоки плус девет, 11-20.

За разлика од вчера, Србија не можеше да направи пресврт во вториот дел и до крајот се играше само формално за конечни 26-38, а шанса за настап добија сите ракометарки од двете селекции.

Најефикасна во унгарскиот состав беше Сандра Солоси Зачик со десет погодоци, додека Викторија Лукач даде шест. Во Србија се истакнаа Сања Радосављевиќ со пет, а Трифуновиќ, Поп-Лазиќ и Лавко дадоа по четири голови.

Во вториот натпревар од оваа група ќе се сретнат Холандија и Хрватска.