СП младинки: Фаворитите со лесни победи, пет селекции обезбедија главна рунда

На вториот ден од Светското првенство за ракометарки до 20 години, кое се одржува во Словенија, фаворитите ја оправдаа својата улога, па така немаше изненадувања, иако Словачка беше на прагот да го направи тоа, но немаше доволно сили за сензација.

Вкупно беа одиграно осум натпревари, а на победа се радуваа репрезентациите на Црна Гора, Тунис, Шведска, Норвешка, Данска, Јапонија и Франција. Натпреварот меѓу Словачка и Холандија заврши без победник, 27:27.

Репрезентациите на Црна Гора и Тунис ја остварија првата победа на младинскиот Мундијал и останаа во игра за главната фаза, додека Шведска, Норвешка, Данска, Јапонија и Франција со новите бодови обезбедија влез меѓу 16 репрезентации кои ќе се борат за четвртфинале.

Утре натпревари ќе играат репрезентациите од групите Е, Ф, Г и Х.