„СП во Египет е жртва на смената на генерации“

Оној дел од ракометот од кој не можел да се откаже Лазо Мајнов во изминативе три години, бил националниот тим, за кој смета дека има светла иднина.

„Репрезентацијата константно ја следам и се радувам на секој нејзин успех. Се радував и кога бев изоставен од екипата, тажен затоа што сум пред ТВ, но радосен за успехот кој го постигнуваат. Во оваа, денешна репрезентација имаме почната, но недовршена смена на генерации. Убаво ќе биде ако и во една ваква фаза се избориме за пласман на ЕП 2022. Гледам добро ни тргна во квалификациите. Ќе значи многу и ќе биде големо искуство, па дури и да не направат успех на првенството. Јас како бек особено мислам за бековската позиција, им треба и време за правилно да созреат. Повеќето играчи се во странство, но немаат доволно минутажа за да бидат носители во клубовите, а со тоа и носители во репрезентацијата. Мислам дека ова добро ќе се одрази и ќе дојде нивното време. Имаме добра иднина, дури има момци, кои јас ги знам и кои се во позадина, кои чекаат за да влезат во А тимот. Тоа е добро, тие ќе притискаат, ќе има поголема конкуренција, а тоа значи дека и секој ќе мора да го дава најдоброто од себе“, потенцира Мајнов и продолжува: „Тоа што го пропуштаме СП во Египет не е добро, но мораше нешто да се жртвува. Во секоја промена на генерација и кај најдобрите селекции се случува тоа. Кога има смена на генерации нешто мора да се жртвува. Кога се прави вака комплетно, ако се оди постепено по двајца-тројца тогаш може да се задржи на високо ниво.“

Интервјуто со Мајнов може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЛАЗО МАЈНОВ: Жалам што за Македонија не сум го дал максимумот, должен сум и затоа му се враќам на ракометот