Спортинг најде нов тренер, но ќе остане без Марко Вујин

Откако се раздели со тренерот Тјери Анти една година порано од предвиденото и со левото крило Иван Никчевиќ, Спортинг Лисабон ќе остане без уште еден ракометар.

Србинот Марко Вујин, кој по тешката животна битка се врати на терените во португалскиот тим, заминува по една нецела сезона.

35-годишниот десен бек кој играше за Синтелон, Дунафер, Веспрем и Кил, не се наигра во Спортинг, па или ќе побара нова средина или ќе размисли за крај на кариерата.

Португалците веќе ја најдоа замената за Тјери Анти, кој се враќа во Франција, па од следната сезона тренер ќе биде Руи Силва, кој досега му беше помошник на Анти, а претходно работеше во МАИА Исмаи.