Olafur Andres GUDMUNDSSON (13) during the handball match Iceland vs Netherlands, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 16.01.2021, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Спектакуларен ракомет: Исланд со врвно издание до триумф против Холандија

Репрезентациите на Холандија и Исланд одиграа одличен и жесток натпревар  во 2. коло од групата Б, а после голема борба победата им припадна на ракометарите на Исланд кои славеа со 29:28.

Се играше максимално борбено уште од почетокот на дуелот, Исланд отвори со 2:0 и 3:1, но Холандија веднаш израмни. Холанѓаните го преземаа водството и го диктираа резултатот, но имаа само минимално предност.

Јонсон и Гудјонсон постигнаа погодоци за два гола предност на Исланд во 25. минута. До крај на првото полувреме Палмарсон со гол го потврди одличното полувреме на неговиот тим и на одмор заминаа со водство од 16:13. Првиот дел се играше многу цврсто во одбрана на двете страни со жестоки стартови и исклучувања.

Во 37. минута Исланд стигна до највисоките пет гола кога поведе со 20:15, но и при ваква негатива Холанѓаните не се предадоа и во 52. минута повторно стигнаа до израмнување. Во завршните минути се играше врвен ракомет на двете страни, со брзи акции и атрактини погодоци.

Непогрешливиот Гудјонсон постигна гол за 28:26 на четири минути до крај, а потоа завршницата беше многу неизвесна. Исланд имаше играч помалку, но, сепак, успеа да ја сочува предноста и да стигне до втората победа на првенството.

Гудјонсон беше најефикасен со осум погодоци, а Палмарсон беше втор стрелец со шест гола во тимот на Исланд. За Холандија уште еднаш Кај Смитс беше прв стрелец со 13 погодоци, а Баијенс постигна шест гола.

16 јануари 2022
29 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 јануари 2022 22:28 EURO22 B 2021/2022 16.01.2022 60'

Место

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА АРЕНА БУДИМПЕШТА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ИСЛАНД1529Победа
ХОЛАНДИЈА1328Пораз

ИСЛАНД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бјоргвин Густавсонголман00
3Јанус Смарасонцентрален бек10
4Арон Палмарсонцентрален бек16
7Виго Кристјансондесен бек02
8Бјарки Мар Елисонлево крило01
9Елвар Јонсонцентрален бек21
10Гисли Кристјансонцентрален бек04
11Имир Гисласонпивот01
13Олафур Гудмундсонлев бек00
14Омар Магнусондесен бек24
16Виктор Халгримсонголман00
18Елиди Видарсонпивот12
21Арнар Арнарсонпивот00
22Сигвалди Бјорн Гудјонсондесно крило08
23Кристјан Кристјансондесен бек00
28Ори Фреј Торкелсонлево крило00
 Вкупно 729

ХОЛАНДИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Барт Равенсбергенголман00
3Ивар Стравастцентрален бек10
5Рутгер тен Велделево крило11
7Робин Шонакерлев бек10
11Исо Слујтерсдесен бек20
12Лук Стеинсцентрален бек02
13Самир Бенганемпивот12
14Боби Шагендесно крило04
17Иво Стеинспивот00
22Јаспер Адамслев бек00
24Џефри Бомхуверлево крило00
26Денис Шелекенсголман00
27Алек Смитдесно крило00
31Кај Смитсдесен бек013
34Том Јансендесен бек00
77Дани Бајенсцентрален бек06
 Вкупно 628

ЕП 2022, ГРУПА Б – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ХРВАТСКА32105
2АВСТРИЈА31204
3ШПАНИЈА31113
4РОМАНИЈА30030