Со одбрана со глава Вестер донесе победа за Холандија против Германија

Репрезентациите на Холандија и Германија одиграа многу интересен и динамичен натпервар во рамки на 4. коло од главната рунда на Европското првенство. После голема борба победата им припадна на Холанѓанките со 28:27.

Холанѓанките поведоа 2:1 но потоа Германија го презема водството и го контролираше натпреварот. Германките предводени од голманката Екерле од 9 до 15 минута не примија гол и овој период го искористија за да се одлепат на добра предност уште во првиот дел.

Во 16 минута беше 11:7 за Германија, а во завршницата од првото полувреме Холандија ја намали негативата и по 30 минути игра беше еден позитива за Германија 15:14.

Второто полувреме продолжи во ист ритам, динамично на двете страни со брзи акции и удари кон головите. Се играше гол за гол, а на секоја можност за Холандија да го сврти резултатот се испречуваше Екерле со фантастична интервенција.

Конечно на Холанѓанките повторно да поведат им успеа во 55 минута со 25:24, а веднаш потоа со голот на Хоузер беше два предност. Завршницата беше максимално неизвесна, при резултат 28:27 во последната минута Холандија имаше напад за победа кој не го реализираше.

Останаа десетина секунди за Германија да стигне до нерешено, организираа брза контра, но ударот на Германките заврши во главата на Тес Вестер и Холандија стигна до конечна победа на натперварот.

На двете страни одлични беа голманките, Вестер за Холандија имаше 17 успешни интервенции, додека на голот на Германија, Дина Екерле собра вкупно 16 одбрани. Најефикасна на натпеварот беше Луис Абинг со осум гола, а Ангела Малештајн погоди шест пати за Холандија. За репрезентацијата на Германија, Јулија Бенке со четири гола беше најефикасна.