Со натурализирани ракометари ќе бркаат СП!

Пред почетокот на предвалификациите за Светското првенство во Египет 2021 кои Словачка ќе ги игра во јануари се очекува двајца играчи од Босна и Херцеговина да се приклучат на словачката репрезентација.

Анур Бурзановиќ и Дервиш Бирдахиќ настапуваат во шампионатот на Словачка и го привлекоа вниманието на стручниот штаб на оваа селекција. Бурназовиќ игра за Повашка Бистрица, а Бирдахиќ, кој своевремено играше за Охрид, сега ги брани боите на Кошице.

Се очекува двајцата ракометари да дебитираат на претквалификацискиот турнир во јануари во Луксембург каде што Словачка ќе се бори за единственото место кое води во следната фаза против домаќинот, Литванија и Фарските Острови.