Со мустаќите ја „плати“ првата двојна круна на Металург

„Првата двојна круна, е најсладок момент и по цена на моите мустаќи, иако се радувам на секоја победа и секој успех многу емотивно го доживувам.“

Да се издвои најсреќниот и најслаткиот момент од повеќе од тридецениска работа во РК Металург, не делуваше како лесна задача за Филип Христов, но тој веднаш знаеше кои спомени ќе добијат таков примат.

„Најсладок и најсреќен момент ми е освојувањето на двојната круна во 2006 година, во времето на Јовица Цветковиќ. Тогаш, пред почетокот на првенството имавме некои разговори со дел од момците во клубот за мојот изглед, со мустаќи или без… Бидејќи овој имиџ го имам од околу 20. години. Тогаш ветив дека ако се случи такво нешто, да освоиме двојна круна, ќе ги избричам мустаќите и на крајот на сезоната го сторив тоа. Првата двојна круна, е најсладок момент и по цена на моите мустаќи, иако се радувам на секоја победа и секој успех многу емотивно го доживувам“, низ смеа ни раскажа Христов.

Комплетното интервју со него може да го прочитате на линкот подолу.

ИНТЕРВЈУ ФИЛИП ХРИСТОВ: Секој натпревар меѓу Вардар и Металург имал и трето полувреме