„Со Металург имавме различни погледи за македонскиот концепт“

Оливер Димитриоски од клупата на Металург беше разрешен во март годинава кога екипата загуби од Пролет во првото коло од плеј-офот. Претходно тој 13 години беше во клубот, работеше во Академијата, како асистент прво на Данило Брестовац, а потоа и на Зоран Кастратовиќ, а секогаш кога тимот од Автокоманда ќе останеше без прв тренер, Оли беше најбрзо и најдобро решение. Тој никогаш не доби шанса да ја каже својата страна од приказната, а и во овој случај остана резервиран.

„Оливер беше добро решение во кризни моменти. (се смее) Факт е дека клубот со ист проблем функционира години наназад, а последната сезона поради пандемијата беше многу лоша за сите. На хартија имаш играчи за Лига на шампиони кои поради коронавирусот ги немаш на клупа. Од друга страна и погледите и размислувањата за македонскиот концепт на екипата ни беа многу различни“ – кусо искоментира Оливер и додава: „Она на што сум особено горд во моето водење на Металург е освојувањето на Купот на Македонија во 2019 година, кога во финалето го победивме Вардар, кој беше апсолутен фаворит. Малкумина знаат дека сум првиот македонски тренер по пауза од 15 години кој освоил титула.“

Во продолжение прочитајте го комплетното интервју…

ИНТЕРВЈУ ОЛИВЕР И ТАЊА ДИМИТРИОСКИ: Фамилијарно сме „заразени“ со ракомет