Со Ивица Илиев почнува нова ракометна приказна во Велес

Велешкиот ракометен прволигаш Бисинов Фруит Ленд ги покажа своите амбиции за следната сезона – влез во Супер лигата, и враќање на Велес на ракометната карта во Македонија како важен фактор. Прв чекор кон проширување на велешката ракометна приказна е враќањето на Ивица Илиев кој по повеќе од 10 години повторно се враќа во родниот град. И најава за уште нови ракометари за посилен тим кој ќе цели кон Супер лига.

Тој и официјално го потпиша договорот со прволигашот Бисинов Фруит Ленд и е првата ластовичка во најавата на новата ракометна приказна. Уште пред десетина дена 24ракомет го најави трансферот на Илиев од Голден Арт во Бисинов, а сега клубот и официјално го потврди неговиот трансфер.

Со искуство од македонската лига, но и интернационално Илиев две сезони беше дел од тимот на Голден Арт каде играше. Претходно повеќе сезони беше дел од Радовиш (во два наврати), потоа играше и за Борец, Свети Николе и во Либан. Сега, со искуството на терен треба да придонесе новиот прволигаш што побрзо да се вклучи во елитата.

„Се враќам кај мојот прв ракометен учител, Никола Бисинов каде ја почнав ракометната кариера. Време е да му се оддолжам нему, на градот и на младите кои допрва почнуваат да играат ракомет, да им покажеме дека оваа ќе биде убава ракометна приказна. Знам колку Никола Бисинов е посветен на ракометот, колку работи со младите, а јас сакам своето знаење на терен да го пренесам и на оние што доаѓаат. Очекувам наскоро во клубот да дојдат уште неколку искусни ракометари и да создадеме тим што ќе успее да се исбори за место во Супер лигата. Велес заслужува тим што ќе игра со најдобрите, вели Ивица Илиев, средниот бек кој е првото засилување за Бисинов.

Во моментов велешани кои се дебитанти играат во Прва лига во плејаут, и имаат 6 победи од 11 натпревари. Останува уште едно коло до крај на сезоната и играат со Преспа и со можност да стигнат дури и до второто место на табелата.

Како најава за новата велешка ракометна приказна, клубот работи и на обезбедување на долгогодишно решение со сала што би била спортски дом, не само на клубот туку и на другите спортови во градот. Зад екипата стои млад спортски вљубеник кој смета дека ракометот треба да спортот што може да му донесе одлични резултати и пред с епромоција на градот.

„Во клубот Бисинов препознавме партнер кој е посветен, чесен и пред се амбициозен со план. Тоа е нашето мото, и со домашни ракометари веруваме дека можеме уште следната сезона да дојдеме до место што ќе не однесе во Супер лигата. Илиев е само почеток на заслиувањата што ги планирамаме. Нема да бидеме преамбициозни, туку реални, а тоа е дека има во клубот квалиттени млади ракометари на кои им треба искуство и помош да ги исполнат целите, вели Жарко Ѓошевски, сопственикот на Фруит Ленд и спонзорот на клубот.

Сезонава клубот со кадетите стигна до пласман во четвртфиналето и ќе се бори за настап на Ф4 турнирот. Пионерите се меѓу осумте најдобри во Македонија.