Со вицешампионот Алборг нема шега, го смири и залетаниот Пик Сегед

Екипата на Алборг дојде до нова победа во Групата А од Лигата на шампионите откако го совлада Пик Сегед со 34:30.

Во одлична атмосфера ракометарите на Алборг имаа целосна контрола на натпреварот. Од почетокот на натпреварот имаа игра која им гарантираше победа. На моменти успеваа лесно да го најдат патот до голот на гостите од Унгарија и тоа носеше убава предност.

После 17 минути игра составот на Алборг беше во водство од 10:5. Тука веќе се гледаше мотивираноста на ракометарите на тимот од Данска, кои имаа контрола на сè. И покрај тоа гостите успеваа да се одржуваат, но на одмор разликата беше само два гола. Имаше дури 30 гола, а Алборг водеше со 16:14.

Второто полувреме во израмнета игра во која ракометарите на Пик Сегед се обидуваа да дојдат до погодок плус и враќање во средбата, но никако не можеа до пресврт. Одличната контрола на ракометарите на Алборг значеше и отворање на патот кон нова победа. Во финишот од натпреварот екипата од Данска успеа и да го зголеми водството, па стигна одново до плус пет, 33:28, а тука веќе беше решено сè.

До крајот гостите само намалија на четири гола, но ракометарите на Алборг беа тие коишто се радуваа на бодовите и на новата победа. Со новите бодови останаа високо на табелата во Групата А и ќе има шанса за да се стигне и до првото место доколку се одржи високото ниво на игра.

Голманот Симон Гаде имаше одлично издание. Забележа 17 одбрани, а девет гола постигна Христенсен, додека осум имаше Сандел. Во тимот на Пик Сегед, Миклер забележа десет интервенции додека по седум гола имаа Шоштариќ и Банхиди.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140