Состојбата на Кинтана е непроменета, докторите се воздржуваат од прогнози!

Голманот на Порто, Алфредо Кинтана, по срцевиот удар пред два дена останува хоспитализиран во болница, се уште се наоѓа во вештачка кома и со непроменета состојба.

Докторите не сакаат да прогнозираат што ќе се случува, но будно го следат развојот на ситуацијата, објави клубот на својот веб-сајт.

Клупскиот колега на Никола Митревски во недела одигра одличен меч и имаше 14 одбрани против Агуас Сантас, а во понеделникот наутро се случи немилиот настан среде тренинг.

Големите ривали на Порто, Бенфика и Спортинг Лисабон, на мечевите против Повоа од португалскиот шампионат, односно Кристијанштад од Лигата на Европа, се појавија со маички како поддршка за голманот.