Составот на Македонија за ЕП е познат – две нови имиња, вкупно 21 патник за Дебрецен!

Репрезентацијата на Македонија на 13 јануари го игра првиот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка, а за Дебрецин селекцијата заминува денеска со чартер лет.

Патниците се веќе познати, а селекторот Лазаров одбра 21 ракометар. По петте позитивни тестови кај ракометарите и стручниот штаб, селекторот повика две нови имиња на голманските позиции.

Станува збор за голманите Благојче Трајкоски од Еурофарм Пелистер и Градимир Чаневски од Бутел Скопје. Останатите ракометари ги минаа подготовките со националниот тим и играа на пријателските натпревари со Кувајт и Израел.

Македонија првиот натпревар го игра на 13 јануари против Словенија, два дена подоцна игра против Црна Гора, а Данска е третиот ривал на 17 јануари. Веќе е познато дека првите две селекции од секоја група одат во следната рунда.

Меѓу одбраните играчи има неколку млади играчи, па ова е спој на младост и искуство, а играчите кои ќе бидат во конкуренција за натпреварите можете да ги погледнете во продолжение.

Состав на Македонија:

Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајкоски
Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски
Леви бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Средни бекови: Филип Миркуловски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Горан Крстевски
Пивоти: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоноски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила: Ненад Костески, Гоце Георгиевски
Селектор Кирил Лазаров