Сомнежи во Србија: Дали Веспрем го спречи Ненадиќ да игра против Франција?

Репрезентацијата на Србија пред дуелот против Франција очекуваше засилен состав бидејќи во комбинација за играње беше и Петар Ненадиќ со кого бековската линија ќе беше многу посилна, но ракометарот на Веспрем остана надвор од тимот.

Со оглед на тоа што беше повреден, Ненадиќ остана надвор од комбинација за настап на ова првенство, но почна со тренинзи и подготовки со Веспрем за вториот дел од сезоната. Затоа планот беше да игра, па вчера имаше мал хаос во Сегедин бидејќи прво беше пријавен во поширокиот список за двобојот со Франција, а потоа прецртан.

Сега се поставува прашањето дали настапот на Ненадиќ беше запрен од Веспрем или можеби станува збор за нешто друго.

Без него Србите претрпеа пораз и останаа без место во втората фаза на ЕП, но прашање е и дали ќе беше поинаку и доколку играше пред сè поради тоа што Французите беа одлично расположени за игра.