Соиграч на Лазаров собра 300.000 евра, а дресот на Вардар продаден за 760 евра!

Соиграчот на Кире Лазаров од францускиот Нант, голманот Сирил Димулан, заедно со уште многу спортисти успеа да собере дури 300.000 евра што треба да бидат донирани во борбата против коронавирусот

500 Ракометари, фудбалери, боксери и уште многу други, донираа дел од своите лични предмети – дресови, шорцеви, опрема за тренинг…а бројката на собрани предмети беше 1.100.

Најскапо продаден предмет беше медалот на фудбалерот на Нант, Рајнал Денуе, освоен во фудбалскиот шампионат во 2001 година, кој достигна цена од 13.000 евра.

Дресот на ракометарката Нина Камто, која своевремено беше дел од Мец, беше продаден за 880 евра, оној на Клеопатра Дарле за 800 евра, на Бертран Жил за 800 евра, а оној од Вардар на Александра Лакрабер достигна цена од 760 евра.