Сметката за елиминацијата ја плати тренерот, освојувачот на трофејот во ЛЕ има нов предводник

По неуспешната европска авантура каде што екипата на Нант испадна уште во групната фаза во женската Лига на Европа раководните луѓе на францускиот тим се одлучија за нов предводник – Хеле Томсен.

Поранешната селекторка на Шведска и Холандија, како и поранешен тренер на Митјиланд, ЧСМ Букурешт, Молде и Кастамону, Хеле Томсен во иднина ќе биде прв тренер на женската екипа на Нант.

Томсен во Јануари оваа година се приклучи на тимот на Нант во улога на помошен тренер. Со доведувањето на Томсен екипата на Нант не ги крие своите амбиции за што подобар пласман во домашното првенство.

Хеле Томсен е 51 годишен тренер која во своето CV има бронзен медал од ЕП во 2014 година со Шведска, а има и сребро и бронза со Холандија на Европските првенства и 3. место на СП во 2017 година.