Сменија тројца тренери сезонава, четврта опција ќе биде екс ракометарка на Кометал ЃП!

Тимот на Дачиа Миовени го се раздели со третиот тренер што беше на клупата од стартот на оваа сезона.

Станува збор за Роберт Лику, кој го водеше тимот осум кола, претходно тренер на седум меча беше Јон Михаила, а само на еден меч клубот го водеше Горан Куртеш.

На жешката клупа во продолжение на сезоната ќе седне Викторина Бора, која замина од Слатина по седум сезони.

Бора, некогаш под презимето Станеску, беше дел од составот на Кометал Ѓорче Петров во сезоната 1993/94.

Таа настапи за селекцијата на Романија на повеќе од 100 натпревари, покрај за македонскиот тим играше за Валчеа, Крајова, Рапид Букурешт, Баја Маре…а како тренер ги водеше Јаши, Крајова и Униреа Слобозиа.