Словенците не препуштаат ништо на случајот – повикаа нов ракометар

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш не сака да препушти ништо на случајот и веднаш повика нов ракометар на подготовките.

Станува збор за десниот бек Нејц Цехте, кој настапува заедно со Филип Кузмановски во бундеслигашот Хановер.

Цехте доаѓа како замена за повредениот Тадеј Кљун, а на десната бековска позиција, селекторот Врањеш ги има и капитенот Доленец и Грошељ.

Словенија ќе одигра две пријателски средби пред стартот на ЕП, против Италија на 5 и 7 јануари во Трбовље и Копер.

Дуелот меѓу Македонија и Словенија е на програмата на 13 јануари во „Феникс Арена“ во Дебрецин, а во групата се уште Данска и Црна Гора.