Словенија остана и без вториот тест пред Македонија

Ракометната федерација на Словенија објави дека нема да се одигра ниту вториот планиран натпревар против Италија.

Вчерашниот беше одложен поради корона позитивни случаи кај Италијанците, а Словенците не сакаат да ризикуваат и го откажаа и вториот натпревар што беше планиран за утре во Копер.

Досега кај противникот на Македонија беше откриен еден позитивен случај – голманот Урбан Лесјак, кој последен се приклучи на подготовките.

Словенците досега одиграа еден пријателски натпревар и ја совладаа убедливо селекцијата на Хрватска.

Словенија е првиот ривал на Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка, а средбата ќе се одигра на 13 јануари.