Словенечки голман неизвесен за Мундијалот

Бундеслигашот Лемго информираше дека голманот Урх Кастелиц ќе паузира одреден временски период поради повреда на коленото. Од клубот, исто така информираа дека искусниот голман ќе треба да оди на операција.

Според проценките, репрезентативецот на Словенија ќе паузира неколку недели, но не се знае дали целосно ќе биде подготвен за Мундијалот, кој ќе се одржи од 12 до 29 јануари во Полска и Шведска.

Во првите квалификациски натпревари за настап на ЕП, кои се одржаа пред извесен период, селекторот на Словенија, Урош Зорман на располагање на голманската позиција освен Кастелиц го имаше и Клемен Ферлин.

Словенија на Мундијалот ќе игра во група со Франција, Полска и Саудиска Арабија. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.