Словаците не се откажуваат: ЕП ќе се игра и кај нас, па макар и пред празни трибини!

Пред два дена, германските медиуми шпекулираа дека Европското првенство би можело да се игра само во Унгарија.

Сепак од ко-организаторот, Словачка, стигна демант и континенталниот собир сигурно ќе се игра во двете земји, но останува знак прашалник дали ќе има гледачи во оваа земја.

„Ние соработуваме со организацискиот комитет во Унгарија. Не разгледуваме варијанта дека нема да се игра во Словачка. Секако ја следиме ситуацијата со коронавирусот и секојдневно сме во контакт со властите. Главното прашање е само дали ќе се игра пред гледачи, но во овој момент не го знаеме одговорот“, изјави Јарослав Холеша, претседателот на словачката федерација.

Словаците ќе организираат прес-конференција на 27 декември на која ќе ги објават сите детали поврзани со организацијата.