Слобода на Кастратовиќ се засили со ракометар на Струга

Екипата на Слобода од Тузла, каде нов тренер е Зоран Кастратовиќ ангажираше ракомеар од Супер лигата на Македонија, а доаѓа интернационалецот од Црна Гора, Богдан Николиќ.

Тимот од Тузла сериозно се подготвува за новата сезона во првенството на Босна и Херцеговина, а за ова се доказ и засилувањата кои се ангажираат, а со нив и со Кастратовиќ на клупа постојат надежи за борба за шампионската титула.

Богдан Николиќ е уште еден добро познат ракометар особено за Зоран Кастратовиќ со кого има соработувано и во минатото во Сутјеска. Играчот по потекло од Црна Гора играше и за Пелистер и за Бутел Скопје, а пред да дојде во Македонија играше и во Ловќен и во Сутјеска.

Претходно во тимот од БиХ пристигна Зоран Кастратовиќ на тренерската позиција и Филип Борозан и Лука Барјактаровиќ како први засилувања. Слобода Тузла веќе за еден месец ќе го има првиот предизвик во европските натпреварувања. Во 1. коло од Европскиот куп се среќава со претставникот на Грција, Бјанко Монте Драма 1986.