Скубе: Му посакувам на Вардар пак да победува и да игра осминафинале

Составот на Мешков Брест дојде до два бода на првиот натпревар сезонава во Лигата на шампионите, а овој тим после голема борба која траеше 60 минути успеа да го совлада Вардар со 24:22.

Сташ Скубе денеска реализираше само еднаш против својот поранешен клуб.

„Почнавме добро, но не можевме да ја контролираме играта. Вардар лесно стигна до пресврт. Ние не знаевме како да постигнеме лесни голови. Ние бевме посреќен тим вечерва, а можеме да бидеме задоволни само од бодовите. Му посакувам на Вардар сè најдобро и се надевам дека ќе победува на следните натпревари и ќе успее да се пласира во осминафиналето“, рече на пресот после натпреварот, поранешниот ракометар на Вардар, Сташ Скубе.

Во следното коло Вардар игра дома против тимот на Елверум, додека Мешков Брест за ривал ја има екипата на Порто. Сташ Скубе и колегите гостуваат кај Никола Митревски.