Скубе го менува Карачиќ во Келце?

Претседателот на полскиот првак Келце, Бертус Сервас, на социјалните мрежи објави дека потпишан е договор на три сезони со нов плејмејкер. Тој договор стапува на сила од летото 2022 година, а „Спортове Факти“ пишува дека станува збор за словенечекиот среден бек и екс член на Вардар, Сташ Скубе.

Словенецот има договор со Мешков Брест до крајот на оваа сезона, но веројатно нема да остане во Белорусија. Ангажманот на нов ракометар на средната бековска позиција значи дека договорот на Игор Карачиќ кој истекува на крајот на оваа сезона многу веројатно нема да биде продолжен.

Освен Карачиќ, на излезна врата од Келце е белорускиот лев бек Владислав Кулеш, а негова замена би требало да биде Халил Јагањац. Скубе и Карачиќ беа дел од шампионскиот тим на Вардар во 2019 година, со кој се искачија на европскиот врв, додека Јагањац настапуваше за тимот на Металург.

Во Келце претходно играше уште еден поранешен плејмејкер на Вардар, Лука Циндриќ.