Скубе: Вардар и понатаму е силен тим

Новата 2020 година официјално е отворена од страна на ракометарите на Вардар кои ја имаа првата прозивка во СЦ „Јане Сандански“. Дел од играчите недостасуваа на првиот тренинг поради обврските со своите репрезентации на ЕП.

„Би рекол дека навистина имавме проблеми во ноември и декември, затоа и имавме малку полоши резултати. Се надевам дека сите од ЕП ќе се вратат здрави и конечно да одиграме некои натпревари комплетни. Јас и натаму тврдам дека Вардар е квалитетен и јак, и може да има добри резултати. Можеби немаме многу играчи за ротација и толку квалитетни, но и лани беше слично па стигнавме до финалето. Секогаш сум оптимист и само да бидеме здрави“, вели Сташ Скубе.

Вардар сезонава брани три трофеи, во домашното првенство, СЕХА Газпром лигата и во Лигата на шампионите.