Скопје 2020 тргна со дебитантски триумф, немаше проблем со Куманово

Дебитантот во Првата машка лига, Скопје 2020 стигна до победа на стартот од новата сезона откако во првиот меч одигран во Скопје забележа победа над екипата на Куманово со 30:23.

Кумановци го добија почетокот на натпреварот, но успеаја само во првите неколку минути, за веднаш потоа работите да почнат да се менуваат. Домашните ја презедоа контролата и играа далеку посигурно и како одминуваше времето така почнуваа да играат посигурно.

Сето ова до крајот на првото полувреме беше донесено до плус четири за 15:11 на паузата што најавуваше победа за дебитантот.

Куманово не успеа да се врати во вториот дел. Место тоа продолжи со губењето на чекорот со тимот на Скопје, па до крајот разликат се искачи до седум гола за конечни 30:23 во корист на Скопје и три бода на стартот од сезоната.

СКОПЈЕ 2020 – КУМАНОВО         30:23 (15:11)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

СКОПЈЕ 2020: Стојкоски, Михајловски, трифуновски, Мицевски 8, Димитријевски 4, Србиновски, Грујовски 2, Димчевски 1, Пешевски 1, Бајрамоски 3, Трајчевски, Чакалиќ 4, Блажевски, Тркалевски, Киселовски 7.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 18 мин.

КУМАНОВО: Трајковски, Димитријевски, Цвекотвски 4, Димитров 1, Стошиќ 1, Кузмановски 2, Димковски, Д. Спасиќ 1, Денковски 5, Стојановски, Петрушевски, М. Спасиќ 5, Даневски, Кимевски, Трајчевски, Миладиновски 4.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 8 мин.