Скопје 2020 доби талентиран ракометар од Еурофарм Пелистер 2

Новиот суперлигаш во оваа сезона, Скопје 2020, за продолжението од сезоната реши да го ангажира младиот и талентиран пикер од Еурофарм Пелистер 2, Стефан Андонов.

18-годишниот ракометар во составот предводен од Андријана Будимир ќе остане до крајот на сезоната.

Андонов својата кариера ја започна во клубот од Струмица, Астраион, потоа една сезона настапуваше за РК Алушовски. Од летото, 2020 година, беше член на вториот тим на Еурофарм Пелистер, каде со екипата на Александар Јовиќ забележа одлични резултати во натпреварите од Суперлигата.

Екипата на Скопје 2020 есенскиот дел од сезоната го заврши на 11 место. Ракометарите на клубот во последните шест кола од регуларниот дел од Суперлигата ќе се потрудат да се покажат во подобро светло.