Скопје убедливо против Кузман Вардар во последниот дуел од Женската лига

Со натпреварот меѓу Скопје и Кузман Вардар заврши сезоната во единствената сениорска конкуренција кај дамите.

Последниот дуел во плеј-аут фазата го доби Скопје, кој против младиот тим на Кузман Вардар триумфираше со десет гола разлика, 39:29.

Дебитантот на полувреме замина со предност од 19:12 и во вториот дел со подобрата игра успеа да дојде до поубедлива победа.

Најефикасна на теренот беше ракометарката на Скопје, Нина Неделковска со 11 погодоци.

Кај Кузман Вардар отскокна Сандра Јовевска со осум погодоци, додека по пет реализации имаа Сандра Стојчевска и Габриела Костадиновска.