Тимот на Скопје без никакви проблеми обезбеди место во осминафиналето на Купот на Македонија, откако на домашен терен славеше против прволигашот Бисинов со 47-17.
Избраниците на Горан Кузманоски отворија со водство од 3-0, потоа го зголемија на 8-3 и до крајот на полувремето стигнаа и до огромна залиха, 24-9.
Вториот дел беше само формалност, шанса за настап добија сите ракометари од клупата, но разликата само се зголемуваше во корист на Скопје.
Најдобри стрелци во домашниот состав беа Блажевски со седум, како и Пешкирски и Димчевски со по шест гола, додека кај Бисинов се истакна Ристевски со шест гола.
Куп на Македонија, елиминации:
Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
Прилеп – Металург РА 36-22
Голден Арт – Овче Поле 47:13
Еурофарм Пелистер – Текстилец 45-19
Радовиш – Преспа 34-21
Младост Богданци – Охрид 20-41
Струга – Македонија ЃП 41-32
Еурофарм Пелистер 2 – Шампион 41-12
Скопје – Бисинов 47-17
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2